Битола воведува бесплатен превоз
На денешната вонредна седница Советот на Општината Битола како точка на дневен ред е ставена одлука за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 mg/m3.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, одржа прес конференција на која ја поздрави соработката со превозниците кои уште вчера одговориле позитивно на нејзиното барање.
Во деновиве кога воздухот во Битола енормно ќе биде загаден, како што тоа е во последните денови, автобуските превозници нема да наплаќаат билети за граѓаните и тие ќе се возат бесплатно.
Превозот ќе го субвенционира општината Битола која ќе ги плаќа билетите. Се очекува оваа одлука да биде усвоена од советниците на Советот на вонредната седница, која е закажана за денеска.
