Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТОЛА ПОЧНА НОВОГОДИШНО ДА СЕ УКРАСУВА: Скопје нема абер за празнично декорирање

БИТОЛА ПОЧНА НОВОГОДИШНО ДА СЕ УКРАСУВА: Скопје нема абер за празнично декорирање

Општина Битола почнува со новогодишното украсување градот, а првите новогодишни светилки од синоќа се поставени во Старата битолска чаршија и над мостовите на реката Драгор во тој дел од градот.

Новогодишното украсување продолжува кај Саат-кулата, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом каде празничната слика ќе биде комплетирана со новогодишна елка.

На сите локации со активно учество и придонес на дуќанџиите, бизнис-секторот, културно-забавните уметници и актери, како и на сите заинтересирани субјекти во наредниот период ќе се одвива програма која има цел да создаде вистинска атракција за сите посетители, соопштија од Општина Битола.

Од друга страна, граѓаните на Скопје веќе прашуваат дали и кога ќе почне новогодишното украсување на градот, меѓутоа, официјални информации од надлежните нема.


Слично

Поврзани вести