Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битола бериќетна - четири девојчиња се родија за Нова година

Битола бериќетна - четири девојчиња се родија за Нова година

Битола се чини дека е најбериќетниот град во Македонија бидејќи во новата година се родиле четири девојчиња. Според зборовите на дежурниот гинеколог на Клиничката болница во Битола, д-р Гоце Чакаревски во болницата, на свет дошле 3 новороденчиња. Во првиот ден  од новата година се роди и едно женско девојче и во приватната болница „Плодност” во Битола, која неодамна прослави 5 години од своето постоење.

Породувањата поминале сосема нормално и без никакви компликаци.

На сите среќни мајки денеска напладне градоначалникот на Битола, Владимир Талески им подари букети свежи цвеќиња и вредносни писма од по 10.000 денари.

Инаку според првиот човек на Клиничката болница во Битола, д-р Василие Најдовски, новогодишната прослава во Битола поминала релативно мирно и без некои поголеми инциденти.

Во Службата за ургентна медицина лекарска помош побарале само 12  битолчани, претежно млади деца, од кои најголемиот број биле  поради  преголема алкохолизираност, а имало и со предозираност од наркотични средства.

Еден од пациентите пробал да си ги исече вените, но тој навреме побарал помош и медицински бил згрижен.


Слично

Поврзани вести