Биткоинот урива се пред себе-ќе надмине ли 10 000 долари?
Криптовалутата Биткоин достигна нова највисока вредност и опасно се приближила до вредноста од 3000 долари.
Само од почетокот на годината, Биткоинот ја зголеми тројно својата вредност на што придонела и кампањата за масовно купување на таа криптовалута по „WannaCry ransomware“ нападот.
Само во последните два и пол месеци вредноста на биткоинот пораснала од 1 000 на 3000 доларил а берзите на кои е можно да се купи односно да се продадат криптовалути се нашле под дополнителен притисок.
Така некои берзи го прекинаа тргувањето со биткоин поради големиот раст на валутата, додека други, како што е BTC-E морале да прекинат бидејќи се нашле на удар на DDoS нападот.
Корисниците кои во тој момент сакале да купат биткоин и други криптоалути ги обвинија берзите за манипулирање со трговија бидејќи се „отворени само кога биткоинот е најскап“ а кога цената му е нешто пониска „тогаш се недостапни“.
Ако ваквиот тренд продолжи, Биткоинот, според некои проценки, до крајот на годината би можел да ја надмине вредноста од 10 000 долари.
