Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биткоинот почна да расте, но ова на крај ќе го убие?

Биткоинот почна да расте, но ова на крај ќе го убие?

Биткоинот нема да биде дел од американската монетарна политика, и на тоа ќе влијаат Федералните резерви, предупреди портфолио менаџерот Стив Чеварон.

Сепак, како што рекол, технологијата блокчејн која стои зад криптовалутите ќе остане.

„Самата валута не е сјаен модел за размена, таа не е добра вредност. Има фиксен износ, така да ФЕД во одреден момент мораше да го убие бидејќи не би биле во можност да се ангажираат во монетарната политика“, рекол Стив во интервју за CNBC. 

„Но блокчејн ... мислам дека на луѓето ќе им биде од корист“ .

Банките признаа дека тој може да ја подобри ефикасноста на клирингот и порамнувањето, дека побрзо и поевтино извршува прекугранични плаќања, значајно ја намалува бирократијата и го модернизира системот за идентификација на клиенти.

Според Чеварон, на пазарот владее алчност, и тоа е прв знак на некои такви алчности од економската криза во 2008 година.

„Инвеститорите сакаа да учестуваат во тој рулет во деведесетите.Сакаа заработка. Не им сметаше толкавата ризичност“, рекол Стив.

Во меѓувреме, пазарот на криптовалути порасна, а биткоинот се враќа над 11 000 долари и останатите валути го следеа тој раст.

Слично

Поврзани вести