БИТКОИН: Можеби несигурна валута, но како од неколку центи, дојде до 1000 долари?
Биткоинот, виртуелната валута за онлајн трансакции, прв пат после три години го премина прагот на вредноста од 1000 долари и се менуваше за 1020 долари.
Таа дигитална валута последен пат била повредна од 1000 долари во есента 2013 година.
Зголемувањето на вредноста на биткоинот кој во 2009 година, кога е востановена, вредела само неколку центи, како последица на економска несигурност и пад на кинески јуан.
За разлика од еврото или доларот кои постојат и физички, во реалниот свет, виртуелниот биткоин нема централна банка ниту влада која управува со него, но има голем број корисници на интернет кои со нив плаќаат разни стоки и услуги,
Критичарите сметат дека биткоинот е незапирлив, нетранспарентен, „отровна валута“ , подлжона на шпекулации и измама, бидејќи не постои ниедна организација која би ги заштитила корисниците, и тие сами одговараат за своите загуби.
