Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТКАТА СО КОВИД ЈА ГУБАТ И МЛАДИ ЛУЃЕ БЕЗ ДРУГИ БОЛЕСТИ - 49 годишната жена од Тетово немала коморбидитети

БИТКАТА СО КОВИД ЈА ГУБАТ И МЛАДИ ЛУЃЕ БЕЗ ДРУГИ БОЛЕСТИ - 49 годишната жена од Тетово немала коморбидитети

За жал, коронавирусот одзема и млади животи, а се случува да починат и релативно млади луѓе кои немале коморбидитети, односно претходни хронични заболувања.

Таков е случајот на пациентката од Тетово, која почина во пследново деноноќие на Клиниката за инфективни болести, а имала 49 години.

Фактор праша во Министерството за здравство дали оваа пациентка имала други заболувања, а оттаму велат дека пациентката не пријавила коморбидитети.

„Се работи за пациентка од Тетово која била 11 дена хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Пациентката не пријавила коморбидитети, односно претходни хронични заболувања“, велат за Фактор од Министерството за здравство.

Инаку, според последните податоци, во изминатото деноноќие се починати 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и пациентката од Тетово на 49 години. Тие починале на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а покрај 49 годишната пациентка, другите биле на возраст од 61, 70 и 72 години.

Млади луѓе под 50 години беа починати и во претходните денови. Завчера почина 43 годишен човек, а ден претходно пациенти на возраст од 42 и 46 години.

Тогаш од Министерството за здравство за Фактор изјавија дека пациентот што почина на 42 години е примен на 9 јули, во шок соба со ниска сатурација и бил поставен на спап маска. Имал пневмонија, а од коморбидитети хипертензија (висок крвен притисок) и хроничен гастрит. 

Пациентката, пак, на возраст од 46 години е хоспитализирана на 1 јули, што говори дека таа подолго време, односно десетина дена се борела со болеста во услови на болничко лекување. Инаку, како што велат од Здравство, оваа пациентка имала миома утери, метрорагија и анемија.

Инаку, спред последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот 6 до 12 јули, регистрирани беа 36 смртни случаи. Кај 29 од смртните случаи, или 80,6 отсто, регистрирани се претходни коморбидитети. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести