Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТИЌИ ЗА „КАЗАНДОЛ“: „Да се потсетиме, судските рочишта се затворени во 2023 година“

БИТИЌИ ЗА „КАЗАНДОЛ“: „Да се потсетиме, судските рочишта се затворени во 2023 година“

Отако министерот за транспорт и врски Александар Николоски, вчера објави дека државата го добила случајот „Казандол“, се огласи Фатмир Битиќи, кој вели дека тоа било концесија дадена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра.

Да се потсетиме:

- Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година

- Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови

- Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада.

И затоа, искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност.

Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести