Битиќи за исвиркувањето на македонскиот јазик: Тоа ни покажува во какво општество живееме
Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи ја прославата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
„Тоа ни покажува во какво општество живееме, во општество на голема недоверба, во кое не се почитуваме и се уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностие. Јас сум еден од тие и ќе останам да се борам за концептот на ‘едно општество’“, изјави Битиќи во гостувањето на Канал 5 телевизија.
за барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се одржат предвремни избори, тој уште еднаш повтори дека во време на криза сите треба одговорно да се однесуваат.
Слично
