Битиќи вели дека во вториот круг ќе победат во Куманово
Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, во гостување на телевизија Телма, за ситуацијата на локалните избори во Куманово, изјави дека независниот кандидат Максим Димитриевски, самиот се исклучил од Социјалдемократскиот сојуз кога одлучил да оди самостојно на изборите.
„Димитриевски самиот се исклучи од СДСМ во моментот кога наспроти партискиот статут, одлучи да оди на изборите како независен кандидат. Во вториот круг, ситуацијата во Куманово ќе биде многу појасна и СДСМ ќе победи“, рече Битиќи.
На веб страницата на ДИК постојано се ажурираат податоците, но Димитриевски најави дека ќе има и втор круг.фото: Влада на РСМ
Слично
