Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТИЌИ СО ТЕШКО ПРИЗНАНИЕ: И јас имам близок човек кој се бори за живот поради короната, но пак не би кажал дека решение е целосно затворање

БИТИЌИ СО ТЕШКО ПРИЗНАНИЕ: И јас имам близок човек кој се бори за живот поради короната, но пак не би кажал дека решение е целосно затворање

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на вчерашното гостување во емисијата „25 минути“, на прашањето што на Владата и е поважно, здравјето или економијата, и зошто кај нас се е отворено, како и на забелешката дека целиот свет се зтвора.во име на здравјето, одговори дека економијата не смее да се затвори, бидејќи штетните последици би биле далекусежни. 

„Ова е навидум лесно прашање, но за мене лично е многу тешко прашање. Бидејќи, сметам дека борбата помеѓу она да сочуваш економија и здравје, јас прво би го ставил здравјето. Бидејќи, сум кажал и претходно и пак ќе повторам, оваа држава нема да има економија, ако ги немаме луѓето“, рече Битиќи.

Но, на прашањето дали ќе се препорача земјава да се затвори како западнте земји, тој одговори дека не би го кажал тоа. 

„Јас, секој еден ден апелирам дека ние самите, граѓаните, може да придонесеме да го зачуваме нашето здравје, а тоа е да примениме нешто што сите го применуваат, носењето маски. И сметам дека луѓето секојдневно се се посвесни и посвесни и мислам дека мора сите заедно да се бориме. Бидејќи, другата опција, затворање, не е опцијата која ќе ги спаси луѓето, туу ќе нанесе дополнителна штета, за да не можеме адекватно да се справиме со здавствените проблеми, а притоа да ја изгубиме и втората битка, а таа е економската битка за благосостојбата на луѓето, која и така е кревка“, нагласи Битиќи. 

На препораката од економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, кој смета дека треба да се затвори се, некој карантин од три четири недели, за да се закрепне колку толку здравството, Битиќи со одговор.

„Верувајте, многу е лесно да се каже тоа, но многу е тешко да се донесе таква одлука. Во овој момент јас имам еден човек кој што се бори за животот заради короната, но пак не би кажал дека решението е целосното затворање, бидејќи штетата која би требало натаму да ја платиме сите, е навистина непроценлива. Бидејќи ние не можеме, и сега, но и потоа, да се носиме со последиците. Затворањето на четири недели ќе изискува дополнителни финансиски средства, бидејќи ние ќе мора да осигураме дека тоа што е затворено тие четири недели, и во нив, но и потоа, ќе продолжи животот понатаму“, рече Битиќи.

Додаде дека ние не сме Германија или некоја друга развиена земја, но немаме ни партнери кои можат да не поддржат. 

„Притоа мислам на опозицијата. Ние имавме ребаланс за чие носење беа потребни 20 дена, а беше потребен за справување со кризата, а исто и за законските решенија, за кои наместо два дена, се потрошија осум дена“, нагласи Битиќи. 

Слично

Поврзани вести