Битиќи одби средба со Мицкоски за енергетската криза во штабот на ВМРО-ДПМНЕ
И вицепремиерот Фатмир Битиќи ја одби поканата за средба од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за разгледување на „концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места“ со кој опозицијата нуди договори со компании кои би обезбедиле поевтин природен гас и мазут за Македонија.
„Еве, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на која сите седиме заедно. Нема потреба од разговор во 4 очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарност, одговорност и колективна мудрост е она што ќе не изнесе низ неа“, напиша вчера Битиќи на Фејсбук
Според вицепремиерот, економските политики се креираат институционално во Владата, на Економскиот совет и со учество на сите засегнати страни.
