БИТИЌИ ОД ШВАЈЦАРИЈА „НОСИ“ КОМПАНИЈА ЗА НЕДВИЖНОСТИ - Ре/Макс стартува со работа на македонскиот пазар
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска имал средба со претставници на реномирана светска компанија за недвижности за време на неговата службена посета на Швајцарската Конфедерација.
Битиќи остварил работна средба со потпретседателите на Ре/Макс Европа, Курт Лукас и Адриан Бури.
Ре/Макс како една од најголемите, најреномирани и најуспешните компании, ќе го професионализираат пазарот со недвижнини во Северна Македонија и ќе воведат меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во нашата земја.
Дополнително, тоа ќе не стави на меѓународната карта за недвижности што пост-ковид ќе значи раздвижување и отворање на пазарот за недвижности и економијата целокупно“, потенцираат од Кабинетот на Битиќи.
