Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИТИЌИ: Наскоро „Заев З“ Влада, шест министри ќе бидат сменети

БИТИЌИ: Наскоро „Заев З“ Влада, шест министри ќе бидат сменети

Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова Влада, изјави утрово во Утрински брифинг вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на прашањето за оставката на Зоран Заев. Најави дека ќе има промени на министри, а за себе вели дека не е оптоварен со тоа дали ќе остане или не.

„Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ Влада, повторно Влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, вели Битиќи.

Нова влада или реконструкција на Владата подразбира преговори меѓу коалиционите партнери кои може да бидат комплицирани за распределба на нови ресори.

„Реконструкцијата на владата е добра и сметам дека ќе треба да има одредена промена на кадрите. Јас сум целосно ослободен од тоа дали ќе бидам на новата листа. Сметам дека резултатите го дефинираат тоа кој ќе остане, а кој ќе замине, вели Битиќи.

Вицепремиерот вели дека не е добро што поради изборите Владата не функционира максимално веќе три месеци, што според него, како нов политичар каков што се смета било неразбирливо. Вели дека има предизвици кои треба да се средуваат односно криза со пандемијата која претстои, потоа економска криза, а енергетската криза е нов момент, така што сега не бил моментот да не се работи со полна пареа.

Слично

Поврзани вести