Економија, финансии, бизнис

Контакт

Битиќи: Ако има потреба ќе го решиме и проблемот со превозот во Скопје, но тоа ќе значи одземање ингеренции

Битиќи: Ако има потреба ќе го решиме и проблемот со превозот во Скопје, но тоа ќе значи одземање ингеренции

Ставот на владата е јасен, ние сме спремни да комуницираме со сите чинители во општеството, особено кон тие кои се повикани да испорачуваат јавни услуги за граѓаните. Јавниот превоз во Скопје е во ингеренции на градот Скопје, а ние правиме се да општините во земјава и градот добиваат повеќе финансии за да можат да испорачуваат квалитетни услуги до граѓани, истакна вицепремиерот за екномски прашања, Фатмир Битиќи, запрашан дали Владата ќе учествува во изнаоѓање решение на проблемот со приватните превозници и град Скопје.

-  Сметам дека градот Скопје конечено треба да се одважи и да седнат со превозниците и да го решат проблемот. Ако не е возможно, ние докажавме дека сме тука за граѓаните, го решивме проблемот со топлинската енергија, го решаваме проблемот со електричната енергија во целата држава. Ако има потреба може ќе влеземе и во решавање на овој проблем, но тогаш тоа ќе значи нешто друго, дали тоа ќе биде одземаање на ингеренции, или некои други суштински промени, не знам, но вакво однесување не само што е на штета на граѓаните, туку и на целокупното функционирање на градот Скопје – посочи Битиќи.

На новинарско прашање, со оглед дека градоначалничката одбива да преговара со превозниците,  но и бидејќи се најавува повторно ширање на блокадите, колку време ќе се чека да блокираат приватните превозници пред да се преземат акции од Владата, Битиќи истакна дека процесот за одземање на ингеренциите не е едноставен.

-  Ние се бориме последните 20 години за децентрализација, тоа е одлика на големите држави, на развиените земји, одземањето ингеренции е враќање назат за 20 години. Ние повикуваме на разум и дека никој нема штета од разговори. Секако градот Скопје има свои аргументи зошто сметаат дека се изманипулирани, превозниците пак имаат свои агруметни, добро е што едно од здруженијата се повлече од протестите, сметам дека е тоа добар чекор кон изнаоѓање решение, за што се потребни две разумни страни – посочи Битиќи и дополни дека можеби заминувањето на директорот на Слобода превоз ќе донесе новини во преговорите.

Во поглед на децентрализацијата Битиќи смета дека државата е лидер во регионот и дека веќе се прават исчекори напред во развојот на општините. 

Се изгласа законот со кои се зголемуваат даноците кои одат за општините, но сметам дека тие самите можат исто така да го подобрат приливот во општинските каси преку наплата на данокот на имот... но притоа треба да се направат напори да се унапредат условите за живот и испорака на услуги за граѓаните. Со унпаредување на законската легислатива се подобрува состојбата на локално ниво, но притоа треба да се зајакнат капацитетите за да се испорача тоа што им треба на граѓаните. За жал на локално ниво, капацитетите не се на највисоко ниво, и нема квалитетен кадар кој ќе може да влијае врз обезбедување добри и квалитетни проекти кои ќе го подобрат животот за граѓаните. Има уште многу да е направи, но сме на добар пат – посочува Битиќи.

Слично

Поврзани вести