Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Бит Пазар“ ќе се модернизира

„Бит Пазар“ ќе се модернизира

Нов лик и подобри услови без гужва и повеќе тезги ќе овозможи новиот монтажен објект кој се најавува за модернизација на скопски „Бит Пазар“ .

Како што покажуваат информациите на дел од медиумите објектот ќе се протега на површина од 10.000 м2, и би требало да има капацитет од 240 возила.

За пазарџиите и нивното здружение велат дека се задоволни со оваа одлука.

„Првата фаза е покривањето на пазарот без прекини, без оштетувања, затворањето и средување на паркингот над него и целосно затварање на пазарот. Ќе биде од затворен карактер . Оваа се прави со цел да се заштитат продавачите од климатските промени. Втората фаза е внатрешното уредување на пазарот. Што опфаќа? менување на тезгите кои се стари над 30 години  и уредување на продавниците околу, модернизација, се во тој аспект дека ние сакаме да одиме еден чекор напред да се вклопиме со времето и европските  трендови во овој лимит“, рече Екрем Долек, Здружение на пазарџии, пренесува Алсат-М.

Тој и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, денеска соопштија дека по финализацијата на проектот изградбата на новиот монтажен објект ќе трае една година.

Изградбата на објектот е идеја и приватна инвестиција на скопски пазар, додека се работи за една јавна дејност од која сите имаат интерес велат од Здружение на пазарџии.

Слично

Поврзани вести