Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биографија на иден министер: Кога правописот не е важен ни за официјални институции

Биографија на иден министер: Кога правописот не е важен ни за официјални институции

Во официјален документ со кој претседателот на Владата Зоран Заев ги доставува до претседателот на Собранието Талат Џафери предлозите за новите министри во Владата со нивните биографии, има „милион“ правописни грешки. 

Имено во биографијата на новиот министер Хисен Џемаили кој ќе биде министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, секаде зборот Универзитет е напишан Университет.


Македонија, Албанија се пишувани како Македониа, Албанија исто како и географија на пример, која во биографијата е географиа или комисиа без ј.


Биографијата на идната министерка за финансии Нина Ангеловска е на англиски јазик, но има и две страни преведени во кои поважните детали се раскажани.

На документот е потпишан лично Зоран Заев.


Слично

Поврзани вести