Билт по средбата со СДСМ: Три нешта ќе ја однесат Македонија напред
Шведскиот дипломат оствари средба со претставници од СДСМ.
По средбата Карл Билт заминува во Мала Речица на гости кај ДУИ.
Пораката која тој ја пренесе е дека во секоја демократска земја постои Устав кој треба да се почитува.
Билт посочи дека неговата посета има извидничка мисија - да собере информации кои ќе му бидат пренесени на европските лидери врз основа на кои Брисел ќе може да носи одлука во контекст на сегашната состојба во земјава.
„Демократија. Устав. Европа. Почитта кон овие три работи ќе ја однесат Македонија напред. Тоа беше мојот одговор на прашањата од новинарите во Скопје“, напиша на својот твитер-профил Билт.
Откако ќе се врати од средбата со ДУИ, поранешниот шведски премиер ќе се сретне со претставници од другите партии.
Единствено шефот на државата Иванов нема да има средба со Билт бидејќи на агендата имал други планови.
