Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛТ ПО ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција

БИЛТ ПО ИЗБОРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција

Ќе следат долги преговори за владина коалиција, која би требало да биде верзија на досегашната, напиша на Твитер поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ОН за Балканот Карл Билт по изборите кои вчера се одржаа во земјава. 

„Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција, но најверојатно ќе видиме верзија на сегашната влада и во текот на следните неколку години, како резултат на вчерашните избори“, наведува Билт.

„Мртва трка“ имаше на изборите. Се чекаат конечните резултати од ДИК. 

Премиерот Оливер Спасовски денеска на прес - конференција повика што поскоро да се состави нова Влада, за да имаме функционални институции во време на здравствена криза, и евроинтегративниот пат кој не очекува. 

Слично

Поврзани вести