Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билка уште нема одговор од Заев и Филипче за средба за можна легализација на канабисот

Билка уште нема одговор од Заев и Филипче за средба за можна легализација на канабисот

Здружението Билка повторно излезе со барање за легализација на канабисот во земјава. 

Односно, тие бараат легална употреба на канабисот до 50 грама и дозволено одгледување до 10 стебла за рекреативна употреба, формирање на посебна агенција за канабис, формирање на институт за канабис при министерството за земјоделство, освен јавното здравство дозвола за препис на лекови да има и приватното здравство. 

Според активистите, доколку надлежните ги прифатат нивните барања, државата би имала економски и здравствени бенефити.

Адвокатот Јанаки Митрoвски, кој е еден од основачите на Билка, вели дека побарале средба со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за правда Бојан Маричиќ, но одговор до сега не добиле. Инаку денеска и утре се одржува првиот македонски канабис форум.

Слично

Поврзани вести