Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Билјана веројатно се измори да се бори, а никој не и пружи рака“

„Билјана веројатно се измори да се бори, а никој не и пружи рака“

„Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности, а која од нив ќе надвладее зависи од многу фактори. Жал ми е за тагата на семејството и за децата без мајка, но, најмногу ми е жал за Билјана која веројатно се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка. Почивај во мир генерацијо“ - пишува на сопцијалните мрежи Анита Ангеловска во статус посветен на актерката Билјана Беличанец.

Ангеловска пишува „дека причината за тоа зошто посегнала по својот живот ја знае само таа, а блиските веројатно претпоставуваат. Се изначитав утрово колку била успешна, моќна, убава, мајка на две деца и многу слични нешта. И успешните, талентираните и моќните имаат душа, и мајките се човечки суштества, и убавите жени се само кревки луѓе со сите човечки потреби. Тажно завршена приказна на една жена, која не можела да се избори со својата немоќ да ги исполни очекувањата на сите околу неа, а сепак да биде среќна. Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за вас или неприфаќањето на вашите уверувања. Свет во кој се плашите да бидете среќни затоа што и пријателите ве гледаат завидливо, во кој парите, политиката, моќта, власта се приоритет, а личната среќа на луѓето споредна работа“.

Денеска во општина Кисела вода е ден на жалост а се одржува и комеморација за актерката кооја си го одзеде животот.

Слично

Поврзани вести