Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА: Бројот на џаболебари во власта и со етнички предзнак ќе расте, на наш грб

БИЛЈАНА ВАНКОВСКА: Бројот на џаболебари во власта и со етнички предзнак ќе расте, на наш грб

Професорката Билјана Ванковска, по договорот на премиерот Зоран Заев со Алтернатива, и она што тие треба да го добијат во новата владина коалиција, а тука, како што е познато, влегува и министер без ресор, смета дека со ова ќе расте бројот на џаболебари во власта со етнички предзнак. 

„Во време на длабока и застрашувачка криза, и продлабочување на сиромаштијата , тие создаваат мегаломански влада - бројот на џаболебари без ресор и со етнички предзнак ќе расте, на наш грб.

Ние сме (политички) ИДИОТИ!!!“, напиша Ванковска на фејсбук. 


Како што е познато, премиерот Зоран Заев вчера имаше средба со помалите коалициони партнери, на која му било укажано и дека со ова ќе се наруши балансот во власта, како и дека не смее да се размислува за барањата за ревизија за Монструм и Диво насеље.

Слично

Поврзани вести