Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билјана Јовановска застанува на чело на ПИОМ

Билјана Јовановска застанува на чело на ПИОМ

Билјана Јовановска која раководеше со Агенцијата за вработување оди во ПИОМ. 

Ова е информација е соопштена по одржаната 15-та седница на Владата. 

„Владата денеска на седница заклучи да му препорача на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија Ц.О. Скопје, за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија да ја избере Билјана Јовановска, а за в.д. заменик директор да го избере Шаип Зенељи“, информираат оттаму. 

Билјана Јовановска претходно замина од директорската позиција во Агенцијата за вработување. На нејзино место е именуван Абдуш Демири  кој е дипломиран економист. Владата менува дел од третиот ешалон на извршната власт.

Слично

Поврзани вести