Билјана Јаневска избрана за секретарка на ЛДП Карпош
Честитки добија новиот општински претседател на Карпош Филип Филиповски, како и новото раководство.
На собранието беа присутни членови од Извршниот одбор и бројни делегати, како и претседателката Моника Зајкова и генералниот секретар на ЛДП, и воено пратеник Боби Мојсоски.

Либерал-демократите добиваат нова енергија која ќе ја води напред оваа општина за да обезбеди подобро секојдневие на карпошани.
„Оваа општинска организација уште повеќе ќе работи на градење нови кадри, полни со свежа енергија и спремни за политики со нулта корупција. Ќе работиме тимски со сите членови на општинската организација во насока на подобрување на транспарентноста и прогресивноста, а вратите ќе бидат отворени за секој граѓанин“, истакна пред присутните претседателот на општинската организација на ЛДП во Карпош, Филиповски.
А, за секретарка на ЛДП Општина Карпош едногласно беше избрана Билјана Јаневска.

Билјана Јаневска е инаку поранешна мисица и прва придружничка на Мис Модел Туризам во светот.
„Ветувам дека во следниот период овој мандат ќе го оправдам со уште повеќе работа и ќе бидам достапна за сите членови на општинската. За мене оваа можност претставува голем предизвик за уште по активно учество на ЛДП Карпош во сите општествени случувања.
Обединето, храбро и гласно до нови победи. Со срце за Карпош“ истакна Јаневска.
