Билјана Ивановска: Очекувам нефер однос пред избори, политичари повторно ќе се фотографираат
Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, по распишувањето на локалните избори очекува политичарите од власта повторно да играат нефер и да се фотографираат при градежните активности до денот на самото гласање.
- Минатата година бевме сведоци дека не се започнуваше изградба, меѓутоа имаше фотографирање пред веќе започнати објекти, што тоа не е наведено во законот и се користи како дупка во законот. Тоа се води како увид во работењето. Сите овие забелешки, иако не се директно кршење на законот, меѓутоа претставуваат суптилно влијание врз јавноста, ги ставаме во нашите посебни извештаи поврзани со изборниот процес и ги доставуваме до Собранието.и ги известуваме пратениците, рече првата антикорупционерка.
Од ДКСК информираа дека во изминатиот период имало дури 60 барања за мислиње од самите државни институции како правна несигурност во однос на одлучувањето, особено за тоа дали смеат да вработуваат откако се распишани локалните избори.
Од „Антикорупциска“ потсетуваат дека овој период вработувања се можни само во делот на итни и неодложни случаи, односно ако има подолготрајно отуство и смрт на вработени, па да се бара нивна замена, како што тоа би било на пример во образованбието.
