Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билјана Ивановска: Многу скоро ќе ги објавиме резултатите од пријавите за непотизам

Билјана Ивановска: Многу скоро ќе ги објавиме резултатите од пријавите за непотизам

Претседателката на Комисијата за спречување на корупција Билјана Ивановска во разговор за МКД рече дека резултатите, кои ги очекува премиерот Зоран Заев за пријавените случаи со непотизам при вработувањата за да се види што понатаму, ќе бидат многу скоро објавени.

„Резултатите ќе ги објавиме многу скоро и тоа за секој случај поединечно. Не сакам предвреме да давам коментар за обврските на институциите“, истакна Ивановска.

Првиот човек на Антикорупциска наведе дека комисијата буквално не прифаќа се како пријава, како штои некои ја обвинуваат, туку постојат и критериуми за тоа. Според Ивановска, на пример, неприфатливо како пријава може да биде ливче пополнето со ракопис од непознат дојавувач.

„Граѓаните може да доставуваат пријави за корупција, за судир на интереси, за изборни нерегуларности, а Комисијата покренува постапки и по сопствена иницијатива, по допрен глас. Има секакви случаи, па граѓани праќаат информации напишани на ливче хартија, нецелосни информации испратени по меил, од непознат испраќач. Во такви случаи бараме да ни достават дополнителни информации ако има каде да го испратиме барањето. Доколку нема, таквите нецелосни пријавувања без познат испраќач со кого не може да исконтактираме за дополнителни информации, не ги обработуваме“, вели Ивановска.


Слично

Поврзани вести