Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билјана Ивановска: Ќе пријавиме во финансиска полиција доколку Рашковски има нереален анкетен лист

Билјана Ивановска: Ќе пријавиме во финансиска полиција доколку Рашковски има нереален анкетен лист

Билјана Ивановска, директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска одговарајќи на новинарско прашање за џипот од 74 илјади евра на Драги Рашковски рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку секретарот на премиерскиот кабинет прикажал нереален анкетен лист.

- Доколку итврдиме ние разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните приходи што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш нели се вклучуваат и други институции како што е финансиска полиција., Они имаат посебни методи за истражување и тоа ќе си го докажуваат, рече првиот човек на „Антикорупциска“ на денешната прес-конференција.

Оретседателката на ДКСК сепак рече дека за вакви ситуации е неопходно да се донесе Закон за потекло на имот за сите граѓани врз основа на што тој бил стекнат. Ивановска додава дека со консултант од Советот на Европа започнал процесот за негова изработка.

„360 Степемни“ објави дека Рашковски вози џип Волво ХС 90 кој  не бил запишан во анкетниот лист. Џипот инаку вредел околу 74 илјади евра.



Слично

Поврзани вести