Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билјана Ивановска: Ако бидам градоначалник, ќе воведам нов стандард на урбанистичкиот план на Центар

Билјана Ивановска: Ако бидам градоначалник, ќе воведам нов стандард на урбанистичкиот план на Центар

Поранешната прва антикорупционерка,Билјана Ивановска, денеска рече дека ќе воведе нови стандарди во урбанистичкиот план, откако вчера платформата „Независни заедно“ ја претстави како независна кандидатка за градоначалник на општина Центар.

- Досегашните лукративни и коруптивни политики го занемаруваа животот и потребите на граѓаните. Јас ќе ги обединам сите креативни сили во општината. Има одговорни професионалци во нашиот тим кои знаат да го вратат вистинскиот начин на живот.

Има такви граѓани со отворен ум и срце. Уживам углед кај граѓаните, јас проблемите ги гледам како предизвици. Имаме доволно капацитет, знаење, умешност, рече Ивановска на денешниот брифинг со медиумите.

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција важи за личност со висок интегритет во општеството и ја доби поддршката од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и иницијативата „398“.

Таа денеска рече дека не била случаен кандидат, туку дека претходно била долгогодишен активист во здружувања како Одбрана на Дебар Маало, Здравјето пред профит и Шанса за Центар.

 - Ќе се борам да се воведе оној стандард 3 -50 - 300 во нашата општина, а тоа значи секој жител кога ќе се разбуди од прозор да види барем три дрва, 50 метри зеленило и 300 метри парк. Ние сме далеку од тоа, но ќе се обидеме на овој начин да влијаеме на урбанистичкиот план, истакна Ивановска.

Слично

Поврзани вести