Економија, финансии, бизнис

Контакт

Биљали ги критикува ДУИ, Најчевска предлага отповикување на Џафери

Биљали ги критикува ДУИ, Најчевска предлага отповикување на Џафери

Не престануваат коментарите во јавноста по последните случувања во Парламентот поврзани со пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.

И професорите со коментари на социјалните мрежи за откажувањето на седницата на која требаше да се одлучи за пратеничкиот имунитет на погореспоменатиот пратеник.

„Не е првпат водството на ДУИ да покаже природна поврзаност со ВМРО“ - пишува на Фејсбук професорот Мерсел Биљали.

-Нивната неодговорност, корупција и неписменство масовно ги исели младите од северозападниот дел на државата...-додава тој.


Критики доаѓаат и од коментарот на професорката Мирјана Најчевска.

Таа пишиува дека 20 пратеници треба да предложат отповикување на Џафери од функцијата претседател на Собранието.

„И мислам дека е потребна сериозна истрага за сознанијата кои ги имала партијата ДУИ за нападот на Собранието, каде биле пратениците од оваа партија, што правеле и дали има нивна вмешаност во настаните“-коментира Најчевска.


Слично

Поврзани вести