Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ: Двајца Чеси се спасени на Галичица

БИЛЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ: Двајца Чеси се спасени на Галичица

Спасени се двајца Чеси кои се заглавиле во снегот на планината Галичица. 

Во Регионалниот центар за гранични работи Запад вчера попладне е пријавено дека двајца странски државјани се заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и бараат помош.

„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата Свети Ѓорѓија биле пронајдени J.C. и O.В., двајцата од Чешката Република“, се наведува во полицискиот билтен. 

Со нивниот кампер мерцедес со чешки национални ознаки, тие се извлечени од снежниот нанос. 

Слично

Поврзани вести