Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛЕ ДРЖАВЈАНКИ НА ПОРТУГАЛИЈА: Директорот на ЦУК го згреши државјанството на изгубените девојки, ги пречекал конзулот на Португалија

БИЛЕ ДРЖАВЈАНКИ НА ПОРТУГАЛИЈА: Директорот на ЦУК го згреши државјанството на изгубените девојки, ги пречекал конзулот на Португалија

Иако првично директорот на Центарот за управување со кризи рече дека се полски државјанки, двете девојки кои вчера беа пријавени за исчезнати на Водно биле државјанки на Португалија упатени по планинската рута од врвот на Водно кон Матка.

Информацијата ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи се на информација од Центарот за управување со кризи.

Ангелов вели дека случајот бил пријавен околу 17.00 часот, по што веднаш бил мобилизиран тим за планинско спасување од Тетово. Екипата на терен бргу започнала пребарување, а операцијата имала успешен епилог.

„Во 18.40 часот, туристките беа пронајдени во добра здравствена состојба и транспортирани до ресторанот Матка. На самото место ги пречека почесниот конзул на Република Португалија“, рече Ангелов.

Слично

Поврзани вести