Билд заминува од Скопје - што напиша на Твитер?
Поранешниот министер за надворешни работи на Шведска и копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт ги заврши средбите со лидерите на политичките партии во Скопје и заминува за Белград.
„Заминувам од Скопје по ден исполнет со разговори со релевантни политички лидери. Белград е следен“- напиша на Твитер Билт по одделните средби со лидерите на СДСМ, ДУИ и на Беса.
Попладнево тој објави фотографија од седиштето на ДУИ во Мала Речица каде што се гледа македонското знаме, заедно со тие на ЕУ, на САД, на Албанија, на ДУИ и на Косово.
Откако од Кабинетот на претсдателот, Ѓорге Иванов информираа дека тој нема да се сретне со Билд, тој рече дека е среќен поради тоа, зашто и тој немал време за средба со Иванов. Кажа дека во Македонија пристигнал за да се сретне со релевантни политички лидер.
Билд посетата на Македонија вчера ја најави на Твитер.
