Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛД ПИШУВА ДЕКА ГЕРМАНИЈА ДЕПОРТИРАЛА ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Депортирани се и српски баратели на азил

БИЛД ПИШУВА ДЕКА ГЕРМАНИЈА ДЕПОРТИРАЛА ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Депортирани се и српски баратели на азил

Билд пишува дека Германија со авион депортирала 36 лица во Скопје и Белград.

Во голема операција, 36 баратели на азил во Германија од Србија и Северна Македонија кои се одбиени се качени во авион во Хамбург, а потоа пратени назад во своите земји, пишува германски Билд.

Во авионот имало главно Срби и Косовци, вклучително и криминалци. Леталото било резервирано од државата Шлезвиг-Холштајн.

Македонија и Србија се меѓу државите во кои Германија во моментов најчесто депортира. Во првиот квартал во овие две држави биле вратени 795 луѓе. 

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Слично

Поврзани вести