Билансот на сообраќајки во Скопје зацрнет со една жртва
Билансот на МВР за сообраќајните несреќи во Скопје за изминатити деноноќие е зацрнет со една жртва која го загубила животот, а имало вкупно 9 регистрирани сообраќајни несреќи.
Во две сообраќајки биле потешко повредени две лица, а три лица биле полесно повредени во една сообраќајка. Во пет била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала неколку прекршоци. Петнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач поминал на крстосница на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, како и седум возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 107 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 93 возила
