Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛАЛ КАСАМИ ЗА ФАКТОР 24: Потребен е динамичен план за формирање Влада!

БИЛАЛ КАСАМИ ЗА ФАКТОР 24: Потребен е динамичен план за формирање Влада!

„Претседателот Иванов да престане со своите алиби-изјави и условувања за доделување на мандат на Зоран Заев поради Декларацијата за правата на Албанците во Македонија. На шефот на државата му е познато дека најпрво треба да го додели мандатот, па потоа да почнат консултации за нејзините програмски приоритети“.

Ова во интервју за емисијата „Фактор 24“ го изјави Билал Касами. Лидерот на дивижењето БЕСА рече дека не е потребна ни лидерската средба, ни нови избори што во основа се мотивирани за перманентни опструкции за излез од кризата.  

„Формално, г-динот  Заев има потписи за парламентарно мнозинство што треба да му овозможи и да биде мандатар на идната Влада. Тој треба да свика лидерска средба на партиите што ја поддржуваат Владата. Неопходно е конечно да се реализира стратегијата и динамичен план за избор на Претседател на Собранието и како да се формира Влада“, вели Касами.

Во интервјуто за „Фактор 24“,  Касами забележува опструкции од коалицијата за парламентaрно мнозинство што не приднесуваат побрзо да се формира Влада. Оваа критикa тој индикректно ја адресираше кон ДУИ. 

„Под редефинирање на државата мислиме и сугерираме процеси што македонското општество ќе го гради како заедница на сите граѓани и етнички групи, не само на Македонците и Албанците. 

„Не се чуствувам комотно под македонското знаме што не го изразува мојот личен и идентитетот на мојата етничка група. Македонските раководства ја испуштија шансата, со уставната промена на македонското знаме под притисок на Грција, да се обликува државен симбол што би го изразувал и идентитетот на Албанците во Македонија. Слични резерви имаме и кон химната. Но ние велиме дека БЕСА ќе инсистира на дебата за разгледување на симболите што ќе го  изразат општествениот идентитет на сите етнички групи во Македонија . Така го дефинираме условот за поддршката во парламентарното мнозинство по формирањето на идната Влада“ . Ова го рече претседателот на БЕСА Билал Касами во синоќешното ТВ интервју за емисијата „Фактор 24“. 

Репризата на овој политичко економски магазин можете да ја гледате на ТВ24 во 10.00 часот . 

Слично

Поврзани вести