Економија, финансии, бизнис

Контакт

Билал Касами е позитивен на коронавирусот

Билал Касами е позитивен на коронавирусот

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами е позитивен на коронавирусот. 

Информацијата попладнево ја соопшти на Фејсбук. 

„Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против КОВИД со самоизолирање. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје!“, пишува Касами. 

Македонија со денови има високи бројки на заразени со коронавирусот. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести