Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛ ВО ЗАНЗИБАР И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА - МАНУ ќе испитува дали неговиот ковид е од јужноафриоканскиот сој

БИЛ ВО ЗАНЗИБАР И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА - МАНУ ќе испитува дали неговиот ковид е од јужноафриоканскиот сој

Маж со Ковид-19 кој бил на патување во Занзибар, Африка, е хоспиотализиран во болницата во Струга.

Не се знае дали го има јужноафриоканскиот сој, тоа треба да го каже МАНУ.

Директорот на струшката болнциа за нефрологија за дел од медиумите потврди дека од Битола му бил препратен пациент кој бил на патување во Занзибар, Африка и потоа со позитивен корона тест завршил в болница, исто како и неговата сопруга која била хоспитализирана во Скопје.

Утре на пациентот ќе му биде земен брис, а анализите во МАНУ ќе треба да потврдат или да негираат дека станува збор за јужноафриканскиот сој на коронавирусот. 

Пациентот засега се наоѓа во стабилна состојба.

Занзибар е многу популарна дестинација и за Македонците, кои за аранжмани од околу 1.000 летуваат на тгаа локација.

Според медиумите, станува збор за повозрасен човек од Битола. 

Слично

Поврзани вести