БИЛ ВО ЗАМОКОТ НА ДРАКУЛА - зошто Заев не дојде на инаугурацијата на Пендаровски
Поранешниот премиер Зоран Заев во гостувањето на „Еден на еден“ кај Жарко Димитриоски ја откри причината зошто не бил присутен на инаугирацијата на новоизбраниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски.
А сето ова претходно предизвикуваше недоумици за македонските граѓани долг период.
„Се собравме неколку другари и со моторите, без жени, заминавме до замокот на Дракула во Романија. За жал, тогаш се погоди да биде инаугирацијата на Пендаровски, се надевам не ми се лути. Па мораше да снимиме изјава, а едвај најдовме кошула да ја завршиме работата. Луѓето мислеа дека сме скарани, а јас на Пендаровски подоцна му кажав што се случило“, рече Заев.
Слично
