Бил во турбуленции, па рекол дека е во ред, барал да слета во Скопје и го снемало
Во силни турбуленции бил авионот кој вчера се урна кај Солунска глава десетина минути пред да се урне. Пилотот јавил дека има проблем и барал да ја смени висината. Потоа рекол дека се е во ред, за по некое време да побара и вектори за да слета во Скопје. По некое време го снемало од радарот. Според првичните сознанија и снимките од контрола на летање кои ги објавија и бугарските медиуми, најверојатно, несреќата с елсучила поради несигурноста на пилотот но не се исклучува веројатноста тој да имал технички проблеми.
Со авионот цесна управуваше георги Бошнаков кој имал аматерска лиценца, а со него во авионот беше и неговата сопруга и двете ќерки. Според наши информации, Бошнаков не побарал детално време пред да лета и не бил целосно информиран за тоа каде има облаци. Се тврди дека така можел да ја избегне несреќата.
Неговата паника или евентуално откажување на моторот сепак најверојатно се пресудни што не успеал да с еснајде. Инаку лиценцата ја стекнал по курс од неколку месеци, кој вклучува 140 часа теорија и 40 часа пракса.
Наши изври велат дека во случајов треба да с еисклучи каков било пропуст од контролорите.
Подолу линк од снимката со контролорите. Може да се чуе како контролорот го прашува Бошнаков дали се уште има турбуленции, но тој вели дека нема, но има голем облак низ чиј процеп има визуелен контакт со земјата, но облакот му прави проблем. Комуникацијата прво се одвива на англиски јазик.
Во следната снимка пилотот со конторолорот зборуваат на македонски јазик, а конторлорот го упатува кон Запад.
Потоа следи комуникацијата меѓу контролорите на летањето:
„Може да се прелета над Солунска Глава, нема облаци, сигирно е и чисто со база од над 300 метри над врвот.
„Да, ама пилотот јави дека е турбулентно и го снема од радар“, разговараат конторлорите.
После се слуша од конторлата на летање од Скопје како го повикуваат Бошнаков но нема одговор.
Видеото и разговорот во студиото може да се види на следниот линк dnes.bg, а делот со комуникацијата меѓу Бошнаков и контролорот почнува од 11.36 минута.
