Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ, СЕГА ЌЕ ЈА ВОДИ ОПШТИНАТА: Еве кој ќе седне на градоначалничкото место на Муцунски, откако тој стана министер за надворешни работи

БИЛ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ, СЕГА ЌЕ ЈА ВОДИ ОПШТИНАТА: Еве кој ќе седне на градоначалничкото место на Муцунски, откако тој стана министер за надворешни работи

Утрово во Општина Аеродром, досегашниот градоначалник на општината, Тимчо Муцунски и официјално ја предаде градоначалничката функција на заменик градоначалникот, Дејан Митески.

Тој во минатото бил претседател на Советот на општината, а сега ќе мора да ја предводи на местото на Муцунски.

„Аеродром останува во рацете на вреден и посветен човек, кој во минатото преку својата позиција како претседател на советот, даваше сериозен придонес во функционирањето и развојот на општината“, напиша Муцунски на фејсбук.

Воедно тој им се заблагодари на граѓаните на Аеродром и до општинската администрација за целата поддршка и соработка во изминатиот период.




Слично

Поврзани вести