Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛ КРАТОК, НО ЈАК И ЗВУЧЕН - земјотрес вчеравечер кај Маврово

БИЛ КРАТОК, НО ЈАК И ЗВУЧЕН - земјотрес вчеравечер кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 06.03.2021 година во 22 часот и 43 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар 60 km југозападно од Скопје.

Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци земјотресот e почувствуван од населението во Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Дел од тамошните жители пишуваат дека земјотресот бил краток, но јак, проследен со звук.

Во светот пак, се случија три земјотреси, вклучувајќи и еден од најсилните кои се случи во Нов Зеланд, во Тихиот Океан, по што веднаш се изадени предупредувања за Цунами, кои се издадени во Нова Каледонија, Тонга, Самоа, Вануату.

Третиот потрес бил дури со јачина од 8,1 степен по Рихтер.

Потресите посилни од 8 степени по Рихтер се вбројуваат во разорни земјотрести, и според историјата, се случуваат еднаш годишно. Многумина можат да предизвикаат штета илјадници километри подалеку од епицентарот.

Сепак, овој силен потрес не влегува во едни од најсилните.

Откако постојат мерењата, во 1960 година во Чиле во местото Валдиви се случил земјотрес со неверојатни 9,5 степени по Рихтер. Во потресите над 9 степени се вбројуваат во категоријата на разорни, оние кои уништуваат објекти во круг од неколку илјади километри. Се случуваат еднаш во 20 години.

Потресот кај Валдиви однел околу 6 илјади животи, иако точниот број никогаш не е утврден, и создал цунами со висина од 10 метри, и стигнал дури до Јапонија. Два милиони луѓе останале без дом. Штетата изнесувала седум милијарди долари.

Слично

Поврзани вести