Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИЛ ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН: Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор

БИЛ ИНВАЛИД ОД ПРВ СТЕПЕН: Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор

Болеста на осудениот шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на слобода.

Одлуката е донесена врз основа на докази односно медицинската документација, на која има повеќе од десетина потписи на доктори-специјалисти, професори од Универзитетската клиника св. „Наум Охридски“. 

Боки 13 доби прекин на казна врз база на медицинска документација која ја достави до јавноста. 

Боки 13 беше на пет операции. Беше уапсен во акцијата „Рекет“. Во 2020 година е осуден на девет години затвор во Скопје.

Јовановски, минатата година во декември, беше пуштен од „Идризово“ во Скопје по четири години поминати во затвор. 

Слично

Поврзани вести