„БИЛ ДОВЕРЛИВ ИЗВОР, АМА БИЛ ВО ЏЕБОТ НА СРБИЈА“? - Ковачки откри текст за Димовски од Викиликс за 2001 година
Драган Ковачки, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави дел од Викиликс на Џулијан Асанж. Таму е наведено дека директорот на Агенцијата за национална безбедносгт, Виктор Димовски во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.
„Ова е истиот директор Димовски кој Ковачевски сѐ уште го држи на позиција (да дозаврши уште што остана) и кој откако пратеници на ВМРО-ДПМНЕ побараа негова одговорност за случајот со издавањето на државјанство на рускиот шпион, рече дека го проверувал пратеничкиот морален кредибилитет. Ова ли е таа реформирана служба? Ова ли е реформираната АНБ предводена од Директор кој мисли дека е над народните избраници и чија основна задача е да одработува против опозицијата? Кој му даде право на директорот да се впушта во политика и да озборува пратеници на прес-конференција? – прашува Ковачки.
Тој го запраша премиерот Ковачевски дали гледа како се однесува за „ништо виновниот“ директор и зошто дозволува државата дополнително да губи на меѓународен углед?
Пратеникот Ковачки побара директорот на АНБ, Виктор Димовски да биде разрешен веднаш, а исто така да поднесе одговорност за својата работа.
