БИКОВСКИ: Ако не направиме нешто сами, „Еуроконтрол“ може да не исклучи од целиот систем и да останеме дупка во Европа
Упадот во кулата на Контролата на летање е преседан за кој светот нема слушнато. Ова е до сега единствен случај во светот кога некој упаѓа на аеродром во собата во која работат контролорите на летање, вели за „Слободен печат“ Венко Биковски, капетан на боинг 737, инструктор-испитувач.
„Наместо од точка А до точка Б, патникот стигнува на точка Ц, бидејќи банда хулигани упаѓаат и некој не може да си ја работи работата. Аеродромот е државна сопственост, треба војска и полиција да го обезбедува, а не приватно обезбедување. По кој критериум се прима обезбедување кое е приватно? Тешка злоупотреба на надлежностите е направена“, вели Биковски за „Слободен печат“.
Тој смета дека ќе има реакција и од Еуроконтрол.
фото принтскрин
