Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бигорски манастир: Имаме голем број на монаси, штитеници и градежни работници

Бигорски манастир: Имаме голем број на монаси, штитеници и градежни работници

Бигорскиот манастир на критиките дека велигденската литургија ја следеле голем број на верници, одговорија дека „Св. Јован Бигорски“ има голем број на монаси, штитеници, па дури и градежни работнии кои живеат таму.

Во манастирот синоќа биле припадниците на нивната монашка заедница од четирите манастири: Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино. Заедницата ја сочинуваат над педесет монаси, монахињи, искушеници, искушенички и верници волонтери кои се дел од едното семејство во Господа. 

„Исто така, нашите манастири, кои се занимаваат со социјална мисија и општествена хуманитарна дејност, згрижуваат над шеесет души од социјално ранливи категории, кои го делат манастирското секојдневие заедно со монасите и монахињите. Дополнително, во нашите манастири, со години, константно престојуваат околу петнаесетина градежни работници, кои, исто така, се дел од нашите заедници“, велат од Бигорскиот манастир.

Богослужбата  ја следеа над 250 000 луѓе само преку преносот во живо на Јутјуб и на Фејсбук. Од таму велат дека во манастирот биле и членови од екипата „2С Студио“, со чија помош бил вршен директниот преност. Во ниту еден случај не биле прекршени препораките и мерките од државните и здравствените власти за време на богослужбите.

„Згора на тоа, доколку некој и би се одлучил да дојде на вечерашната прослава на Воскресението Христово, во никој случај не би имал можност да го направи тоа, со оглед на засилените полициски контроли по патиштата, а и самото полициско присуство пред влезот на манастирот“, се огласуваат од таму.

Слично

Поврзани вести