Економија, финансии, бизнис

Контакт

„БИДИ ХРАБАР ТРАЈКО“: градоначалничката Асровска до претседателот на Собранието, продолжуваат препукувањата

„БИДИ ХРАБАР ТРАЈКО“: градоначалничката Асровска до претседателот на Собранието, продолжуваат препукувањата

Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене - ја има.

Со овие зборови се огласи денеска градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, по објавата на претседателот на градското собрание Трајко Славески за барањето на приватните превозници за зголемување на цените.

- Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не.

Биди храбар Трајко! - стои во соопштението на кое е потпишана и самата градоначалничка, Арсовска.

Во текот на вчерашниот ден, Славески пак сподели дека  приватните превозници преку членот на Советот бараат поскапување на услугите и дека потегот го носи градоначалникот.

Воедно сподели документи: Барање за мислење со предлог за иницијативата од членот на Град Скопје за поскапување на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и Иницијативата за започнување постапка за зголемување цената на членот на Советот на Град Скопје.

- Арсовска е на ред, приватните транспортери бараат поскапување на услугите преку членот на Советот на Град Скопје - напиша  Славески.

Претходно приватните превозници во знак на револт ги исклучија автобусите од промет, бидејќи на седницата на Град Скопје не беше разгледано нивното барање за зголемување на данокот по километар.

Според информациите, иницијативата на приватните превозници вчера околу 15:30 часот била доставена до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната средба информираше дека иницијативата е доцна доставена за да биде вклучена на состанокот.

Од Град Скопје, пак, реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката за барањето на приватните превозници, со кое бараат зголемување на надоместокот за јавниот превоз, сè со цел продлабочување расте кризата и хаосот.

Слично

Поврзани вести