Бидете внимателни, водостојот на неколку реки е зголемен
По врнежите од дожд кои ја зафатија Македонија, водостојот на реките е зголемен.
Од УХМР соопштуваат дека поголеми зголемувања на водостојот има на водотеците во западниот дел на земјата, односно на Радика, Сатеска, Голема и Пена, кои и денеска се очекува да бидат високи, особено на Радика заедно со нејзините притоки во сливот.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во крајните западни и во делови од источните делови (каде се најавени можни локални поројни врнежи) на земјата во текот на денешниот ден.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
фото МИА
Слично
