Економија, финансии, бизнис

Контакт

БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ, НА ПАТ СЕ ТРГНУВА СО ЗИМСКА ОПРЕМА: ЦУК ги предупредува граѓаните по најавите за нови снежни наноси

БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ, НА ПАТ СЕ ТРГНУВА СО ЗИМСКА ОПРЕМА: ЦУК ги предупредува граѓаните по најавите за нови снежни наноси

Граѓаните кои ќе патуваат некаде викендов да бидат подготвени и нивните возила да бидат опремени со зимска опрема, но и доволно горово. Со ваков апел излезе Центарот за управување со кризи (ЦУК) по најавите од УХМР дека викендов се очекуваат обилни врнежи од снег и студено време со значителен пад на температурите.

Тие укажуваат дека се очекуваат поголеми наноси на снег, особено на повисоките планини, поради што им препорачуваат на граѓаните да бидат особено внимателни при управување со возилата поради можна непроодност на патиштата во повисоките предели.

- Граѓаните да патуваат внимателно во текот на утрешниот ден и в недела, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период  да бидат непроодни на повисоките делници - наведуваат од ЦУК.

Воедно, до луѓето кои живеат во повисоките места, потсетуваат дека навремено треба да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на граѓаните пеш, бидејќи е можна појава на голомразица.

Според временска прогноза од Управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно и студено со врнежи претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка од над 30 см, а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено покрај Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.  

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести