Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бидете подготвени кога одите на интервју за работа

Бидете подготвени кога одите на интервју за работа
Барањето работа може да биде вистински кошмар, особено ако целите да најдете позиција, која одговара на знаењето и можностите кои ги поседувате. Вистината е дека има работодавачи кои претеруваат со барањата за своите кандидати. Тие истовремено треба да се со добро образование и искуство на слична позиција барем неколку години, а во исто време треба да се  млади, енергични, способни, амбициозни, подготвени да работат посветено и слично. Кога ви кажуваат „флексибилното работно време" често значи дека ќе бидете ангажирани во различни периоди од денот, иако работното ви време е 8 часа. Може да побараат пробно работење, кое нема да ви биде платено или ќе ви покријат само основни трошоци. Се разбира, секое правило има и  исклучоци! Во последните години се забележува извесна промена на пазарот на трудот и стремеж од страна на работодавците да бидат постојано атрактивни за квалификуваните работници, но има и такви кои постојано бараат нови работници поради некоректниот однос кон нив.
Слично

Поврзани вести