Бидете дел од утрешната Дедомразовската трка
Утре со почеток во 12 часот на плоштадот Филип Втори, ќе биде означен стартот на првата Дедомразовската трка.
Дедомразовската трка ќе се одвива по следната траса:
Плоштад Филип Втори, Македонски народен театар, Мост Гоце Делчев, булевар ВМРО, булевар Димитрие Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец (спроти Собрание на РМ).
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ќе ги пречека учесниците во трката на целта кај Паркот Жена Борец, каде што ќе бидат доделени и наградите за најдобрите во трката.
Слично
